Здружение за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ - Битола

Во изборните единици бр. 4 и бр. 5, „ИНТЕРАКТИВ – Битола“ ќе ги гради и зајакнува капацитетите на младите луѓе и гласачите по прв пат за правата и обврските на гласачите, како и нивните очекувања од јавните службеници и кандидатите за локалните избори 2025. Ќе бидат организирани конкретни работилници со релевантните засегнати страни за тоа како да се следи злоупотребата на административните ресурси во секоја општина и да се подигне свеста за овие теми за да се пренесат знаењата и вештините и да може да се употребат за идните избори.