Рурална акција за почист Демир Хисар

Неправилното управување со отпадот претставува сериозен проблем во руралните подрачја на општина Демир Хисар, каде што поради недостаток на инфраструктура, отпадот често се фрла на недозволени локации како што се речни корита, ниви и покрај патиштата. Тоа негативно влијае врз локалното население — семејствата, земјоделците и децата — како и врз туристите, загрозувајќи го јавното здравје, биодиверзитетот и природната средина.
Проблемот произлегува од ограничениот пристап до контејнери, недоволните ресурси на општинските служби, и недостатокот на еколошка едукација. Досега имаше само изолиран одговор и реакција, без да се обезбедат сеопфатни податоци или да се вклучи заедницата.
Оваа иницијатива има за цел да се премости тој јаз преку мапирање на проблемот, подигнување на јавната свест, мобилизирање за локално дејствување, и поддршка во развојот на одржливи и координирани политики за управување со отпадот.