Летно кино во Куманово

Иако е еден од најголемите градови во Северна Македонија, во Куманово нема кино, и со тоа се ограничува пристапот до современи и независни филмови — особено за младите и семејствата со ниски приходи. Жителите се приморани да патуваат во други градови, и со тоа културните искуства стануваат скапи и недостапни.
Со оваа иницијатива се предлага да се изработи концепт за летно кино на отворено — флексибилен јавен простор за филмски проекции и културни настани. Преку консултации со заедницата ќе се идентификуваат поволните локации, програмските содржини и буџетските потреби.
Оваа иницијатива со фокус на граѓанскиот ангажман, има за цел да се подигне свеста и да се подготви издржан предлог со насоки за идна имплементација, при што ќе се придонесе за модерно и пристапно место за одржување културни настани во Куманово