Еко-инспекција за Куманово

Општинските инспекторати за животна средина во Куманово се соочени со големи ограничувања—како што се недоволно кадар, застарена опрема, и несоодветни ресурси—и со тоа сериозно се ослабнува нивната способност да се спроведуваат законите за животна средина. Како резултат на тоа, индустриското загадување, нелегалното фрлање отпад и загадувањето на воздухот и урбаната бучава во голема мера остануваат непроверени, а граѓаните се изложени на сериозни ризици по здравјето и животната средина. Слабата институционална комуникација и понатаму ја поткопува довербата на јавноста и граѓанскиот ангажман.
Оваа инцијатива има за цел да се надмине проблемот преку структурирани интервјуа со инспекторите, службените лица и чинителите за животна средина, заедно со анкети за граѓаните за да се оценат грижите на граѓаните. Преку податоците ќе се утврдат неодложните празнини и ќе се дадат насоки за кампањата за подигнување на јавната свест со што ќе се истакне важноста на силните инспекциски служби за поздрава животна средина во урбаните области.
Целта е да се мобилизира притисокот од јавноста и да се поттикне дејствувањето на институциите кон зајакнување на инспекциските капацитети, со крајна цел да се подобри управувањето со животната средина и квалитетот на живот во Куманово.