Старата чаршија во Скопје, која претставува културно и историско обележје на градот со многуте занаетчиски продавници и традиционални занаети, има мала дигитална видливост и недостиг на пристапни информации за посетителите. Тоа го ограничува ангажманот околу туристите, ги попречува младите да се поврзат со просторот, и ги намалува можностите за занаетчиите и бизнисите да напредуваат во дигиталното доба.
За да се одговори на оваа состојба, во рамките на иницијативата ќе се спроведе теренско истражување и консултации со засегнатите страни за да заеднички се ко-креира прототип на мобилна апликација. На платформата ќе има алатки за навигација, список на продавници и настани, како и интерактивни елементи за да се поврзат посетителите со локалните бизниси. Изработена во соработка со ИТ експерти, млади луѓе и засегнати страни од заедницата, апликацијата има за цел да се приближат традицијата и технологијата.
Очекуваниот исход е да се постигне поголемо движење на посетителите, зголемена промоција на културата, и поголема економска дејност во чаршијата. Преку иницијативата ќе се обезбедат и корисни податоци за да се поддржи одржливо спроведување и идно инвестирање во дигиталната инфраструктура.