Успешно ја завршивме работилницата со претставници од политичките партии, организирана во рамките на Швајцарската програма за поддршка на изборите во Северна Македонија, имплементирана од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Во пресрет на локалните избори 2025, учесниците ги јакнеа своите вештини за внатрепартиска организација, креирање политики базирани на податоци и стратешко политичко позиционирање.
Заедно се потрудивме да ги одговориме следните важни прашања:
– Како партиите да ја добијат довербата на гласачите во еден пренатрупан политички простор?
– Што значи навистина да се слушаат граѓаните – и како тоа да се претвори во акција?
– Коалиција или самостоен настап? Како да се одлучи што е најдобро за партијата и за гласачите?