Изминатиот викенд го заокруживме четвртиот и последен модул на четвртата генерација на Академијата за јавни политики! Фокусирани на темата „Не сте сами! – Работење на заеднички платформи пред и по изборите“, учесниците ги унапредија своите вештини за невербална комуникација, градење коалиции, управување со кризи во политичките партии и постигнување политички компромис.
28 учесници од 13 политички партии успешно го завршија првиот дел од Академијата. Во следната фаза, со поддршка од нашите ментори, учесниците ќе работат на спроведување на своите Иновативни иницијативи. Преку овој процес, тие ќе ги идентификуваат причините за реалните проблеми во нивните локални заедници, ќе ги истражат различните перспективи на засегнатите страни, ќе соберат можни решенија и ќе предложат најдобри алтернативи кои би станале дел од понудата на нивните партии за локалните избори 2025.
Честитки до сите учесници – вашата енергија, идеи и посветеност се движечка сила за изградба на подобра иднина!