Работилница со ЦИА на СДСМ: Подобрување на истражувачките и аналитичките капацитети на вработените во Центарот за истражување и анализи

Истражувачки и аналитички центри, Настани, Политички Партии

Центарот за истражување и анализи на СДСМ и ИФЕС успешно спроведоа работилница за зајакнување на истражувачките и аналитичките капацитети на вработените во Центарот, одржана на 20-21 декември 2024 година! Преку отворени дискусии, работа во групи и сесии предводени од меѓународен консултант, учесниците ги разгледуваа можностите за зајакнување на улогата на Центарот во рамките на партијата.

Меѓу темите кои беа разгледувани беа компаративна анализа на истражувачките капацитети на политичките партии во ЕУ, стратегии за поттикнување одржлив работен план на Центарот, како и претворање на партиските визии во спроведливи практики во пресрет на локалните избори во 2025 година. Овој настан е дел од нашите напори и активности за поддршка на истражувачко-аналитичките центри на политичките партии.

Галерија