Тркалезни маси: Политичко учество на жените на Парламентарните избори 2024 година

Анализи/Публикации/Производи, Зајакнати институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси, Настани, Настани, Политички Партии

Ширум државата, ИФЕС организираше тркалезни маси на кои се дискутираше за степенот и влијанието на учеството на жените од различни етнички заедници на парламентарните избори во 2024 година. За време на настаните беа споделени анализи и препораки за поголема вклученост и застапеност на жените во идните изборни процеси.

Активноста беше реализирана во рамките на Програмата за поддршка на изборите, финансирана од Владата на Швајцарија, а спроведена од страна на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

За време на тркалезните маса, меѓународната консултантка за родови прашања изврши презентацијата на Извештајот за учеството на жените од етничките заедници на парламентарните избори одржани во 2024 година. Целта на Извештајот е да се направи проценка на степенот и влијанието на учеството на жените од етничките заедници на парламентарните избори во 2024 година. Исто така, Анализата предлага мерки и иницијативи за поголема вклученост на жените од различно етничко потекло ефективно во изборниот процес и политичкиот ангажман.

Вториот дел од настанот беше искористен за презентација на Анализата на опфатот на родовите прашања во програмите на кандидатите за Претседател и изборните програми на политичките партии и коалиции за парламентарните избори, подготвена во рамките на Програмата за поддршка на изборите.

Галерија