Алумни настан: Младински перспективи за изборен интегритет


Големина на фонт

Во рамките на Програмата за поддршка на изборите во Северна Македонија, ќе се организира онлајн работилница наменета за алумнисти на Академијата за јавни политики/Програмата за мобилизација на заедницата, насловена „Младински перспективи за изборен интегритет“. Онлајн работилницата ќе се одржи на 12 септември 2024 година (четврток), со почеток во 12 часот, преку софтверската апликација Zoom (линк за вклучување: https://us06web.zoom.us/j/85995077891?pwd=wx8NcusbJNIEGntUDIXWx6eKzw7EjV.1). Програмата за поддршка на изборите е финансирана од Владата на Швајцарија, а имплементирана од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

Целта на онлајн работилницата е да ги вклучи алумнистите во дискусија за важноста на изборниот интегритет, гледано низ перспектива на младите луѓе, членови на политичките подмладоци или претставници на граѓанскиот сектор. Настанот ќе обезбеди платформа за споделување на ставови, искуства и идеи за тоа како да се обезбедат фер и транспарентни избори, како и да се поттикне подлабоко разбирање на предизвиците и решенијата поврзани со изборниот интегритет во нивните заедници. Работилницата ќе биде реализирана од меѓународната експертка за избори, г-а Татјана Хилшер Богушевич, која во своето излагање ќе се осврне на различните димензии на изборниот интегритет, како и на улогата на младите на ЕУ изборите во 2024 година, вклучително и младинските иницијативи, од нив и кон нив.

Вториот дел на настанот ќе биде искористен за презентација на Анализата на опфатот на младинските прашања во програмите на кандидатите за Претседател и изборните програми на политичките партии и коалиции за парламентарните избори, подготвена во рамките на Програмата за поддршка на изборите.

КОГА

од: 12-09-2024 12:00

до: 12-09-2024 13:30

КАДЕ

Zoom, https://us06web.zoom.us/j/85995077891?pwd=wx8NcusbJNIEGntUDIXWx6eKzw7EjV.1

Останати настани

Преземање акција: Јакнење на политичките партии во справувањето со насилството врз жените во политиката

Млади од политички партии , Мобилизатори на заедницата , Настани , Политички Партии , Работилници и обуки

11-04-2025

Не за насилството во нашата партија: СДСМ ја предводи борбата против насилството врз жените во политиката и изборите

Млади од политички партии , Мобилизатори на заедницата , Настани , Политички Партии , Работилници и обуки

05-04-2025

Комуникациска стратегија на ДИК - Mедиуми

Млади од политички партии , Мобилизатори на заедницата , Настани , Политички Партии , Работилници и обуки

23-01-2025