Повик за поднесување на апликации за учество на Академијата за јавни политики - четврта генерација

Млади од политички партии, Политички Партии, Работилници и обуки

За академијата за јавни политики

Академијата за јавни политики (АЈП) е наменета за претставници на подмладоците на политичките партии во Северна Македонија со цел да го зголемат учеството во изборните и политичките процеси во земјата, преку создавање можности и развивање на нивните капацитети за унапредување на политичката одговорност, како и негување политичка култура која промовира принципи на демократското владеење.

Целта на АЈП е да ги охрабри, поддржи и едуцира младите партиски членови кон подобро изразување на нивните идеи и концепти за подобро општество и плурален демократски јавен простор. Академијата, исто така, има за цел да создаде нова генерација лидери способни да се претставуваат себеси и своите политички партии за време на изборите. Учесниците ќе научат како се креираат јавни политики, како се влијае врз нив, и како да применат пристап заснован на докази во креирањето на јавните политики.

Специфичните цели на АЈП се:

  • Да се стимулира нова генерација лидери, способни да негуваат политичка култура која промовира демократски вредности и принципи, со што ќе се придонесе за внатрешна демократизација на нивните партии и општеството како целина
  • Да се ​​поттикнат подмладоците на политичките партии да ги идентификуваат предизвиците со кои се соочува локалната власт; да предложат политички решенија засновани на докази и ориентирани кон граѓаните, кои би можеле да бидат вклучени во партиските изборни програми за локалните избори во 2025 година
  • Едукација и обука на подмладоците на политичките партии за: карактеристиките на локалните избори, работа со избирачите и институциите на локално ниво, специфичните аспекти на комуникација со граѓаните и локалните медиуми; динамиката на локалната политика и идентификацијата на транс-партиските прашања кои би донеле промени и би овозможиле заеднички јазик надвор од партиските/етничките разлики.

 Академијата ќе се реализира во период од една година и ќе се состои од следните компоненти: 

  • Четири сеопфатни тридневни работилници (петок до недела);
  • Чекор-по-чекор насоки, менторство и обука за развој на документи за политики;
  • Ангажирање со локалните заедници и/или засегнатите чинители за релевантни прашања преку тематски дебати, дискусии и имплементација на иновативни иницијативи, кои им овозможуваат на учесниците да имплементираат различни активности и да соработуваат со нивните заедници. Иницијативите ќе помогнат да се идентификуваат основните причини за конкретен проблем во заедницата, да се истражат различните перспективи на засегнатите страни; да се соберат потенцијални решенија за идентификуваниот проблем; и врз основа на податоците да се предложи најдобрата опција која ќе биде дел од програмата на политичките партии за локалните избори во 2025 година. За спроведување на иновативната иницијатива, секој учесник ќе добие финансиска поддршка (1000 CHF);
  • Студиска посета во регионот или во некоја држава од Европската Унија (предуслов за учество на студиската посета е завршување на сите активности, вклучително и работилниците и иновативните иницијативи). Студиската посета ќе се одржи по завршувањето на петтата генерација на АЈП;
  • Алумни настани со сите учесници од трите претходни генерации на Академијата за јавни политики.

На Академијата ќе бидат ангажирани предавачи од различни страни на општествениот спектар – академици, врвни креатори на политики и одлуки, сегашни/поранешни министри, млади политички лидери кои имаат јавни функции, извршни директори, пратеници или високи државни службеници. Програмата ќе биде зајакната и со вклучување на предавачи од граѓанскиот сектор,  предавачи oд областа на животната средина, културата и/или други области, како и етаблирани обучувачи од странство.

ШТО ЌЕ ДОБИЈАТ УЧЕСНИЦИТЕ ВО АКАДЕМИЈАТА ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ? 

  • Темелно и структурирано познавање на политичките процеси во државата, улогата на политичките партии во плурален контекст, важноста на изборите и изборниот процес, креирање на јавни политики и начини на нивно спроведување, техники и вештини за комуникација, јавен настап и дебатирање;
  • Материјали за обука, разни анализи и документи за јавни политики како поддршка на стекнатото знаењето и искуството споделено од страна на домашни и меѓународни експерти и обучувачи;
  • Менторство, меѓусебна поддршка и индивидуална поддршка во подготовката на документите за јавни политики фокусирани на решавање на потребите на граѓаните;
  • Финансиска поддршка за спроведување на иновативните иницијативи, за да се спроведе истражување за политиките и/или можните решенија на идентификуваниот проблем, како и за тестирање и/или промоција на политиката во засегнатата заедница.
  • Можност за промовирање на политики преку презентации пред засегнатите заедници и во самата политичката партија;
  • Можност за унапредување на знаењата и индивидуален кариерен развој како политичар/ка или иден/а лидер/ка, но и за вмрежување, дискутирање и споделување на идеи со колегите политичари од политичките партии во земјата;
  • Признание од Швајцарската амбасада преку доделување на сертификат за учество;
  • Можност да се биде дел од регионални настани или размена и поддршка со други млади лидери, но и да се учествува во меѓународна размена и студиска посета на земји кои спроведуваат слични политики и активности во заедницата;
  • Континуирани активности во рамки на широката алумни заедница.

Критериуми за учество: 

  • да биде претставник/чка на подмладоците на политичките партии (до и вклучително 29 години);
  • да не учествувал/а на иста или слична Академија;
  • да има искуство во областа на општествените науки и дисциплини (политички науки, економија, социологија, животна средина, меѓународни односи, култура, филозофија, итн.);
  • да поседува силни аналитички вештини и способност за тимска работа;
  • познавањето на англиски јазик ќе се смета за предност;
  • работно искуство ќе се смета за предност.

За да се стекнат со сертификат, избраните кандидати мора да бидат посветени во сите компоненти на програмата:

  • Активно учество во сите активности на Академијата;
  • Ангажирање со локалните заедници и/или засегнатите чинители на теми поврзани со Документот за јавни политики.
  • Изработка на Документ за јавни политики;
  • Презентирање на Документот за јавни политики во рамките на партијата.

Временска рамка 

Спроведувањето на активностите за четвртата генерација учесници ќе се одвива во периодот од септември 2024 до септември 2025 година.

Сите заинтересирани кандидати треба да ја пополнат апликацијата на следниот линк

најдоцна до 15  септември 2024 година.

Кандидатите ќе бидат известени за нивниот избор до 23 септември 2024 година.

Од дел од кандидатите може да биде побарано да учествуваат на кратко интервју по телефон или Zoom.

Напомена: само одбрани кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

При изборот на најдобрите кандидати за учество на Академијата ќе се води сметка за политичката, етничката, половата, географската и социјалната застапеност на учесниците.

Сите трошоци за оваа програма (вклучувајќи патување, сместување и оброци) ќе бидат покриени од организаторот.

Прашања? 

Доколку имате прашања во врска со Академијата и/или процесот на аплицирање, ве молиме контактирајте ги:

Цветанка Михајловска на: cvetanka@frp.mk

Маида Халими на: maida@frp.mk 

Галерија