Заради ефикасно следење на изборната кампања на учесниците на претстојните Претседателски и Парламентарни избори во текот на 2024 година, ИФЕС за потребите на Државната комисија за спречување на корупцијата распишува јавен повик за ангажирање на 3 (тројца) аналитичари на податоци. Целиот повик на македонски јазик е достапен овде.
Заинтересираните кандидати треба да го пополнат образецот „Пријава за аналитичар“ и „Изјава“ која е составен ден на Пријавата, а кои се достапни овде, и истите заедно со потребните документи да се достават на е-маил адресата: ifes.mk@ifes.org