Обука за претставници од помалите политичките партии на тема „Начела за формулирање на политики и подготовка на изборни програми и стратегии засновани на докази“

Настани, Политички Партии

Во рамките на Програмата за поддршка на изборите во Северна Македонија, финансирана од Владата на Швајцарија и спроведувана од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), на 26 и 27 февруари во Скопје организиравме работилници за членови и раководни лица од помалите политичките партии, реализирани од страна на меѓународната експертка за политички партии, Лолита Чегане. Целта на интензивната обука е да се даде придонес кон зајакнувањето на капацитетите на политичките партии во пресрет на парламентарните избори за формулирање на ефективни граѓански ориентирани политики и изборни програми.

20 партиски членови од 12 различни политички партии дискутираа за можните алатки за креирање и комуницирање на политики базирани на докази и учество во изборна кампања, во насока на подготовка за претседателските и парламентарните избори.

Работилница: Начела за формулирање на политики и подготовка на изборни програми и стратегии засновани на политики

Галерија