Меѓународна презентација за стандардите за гласање надвор од државата

Зајакнати институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси, Мобилизатори на заедницата, Настани

ИФЕС организираше презентација во Скопје на тема „Меѓународни стандарди, практики и моментални трендови за гласање надвор од државата“, Овој настан е дел од проектот “Поддршка на изборни реформи” поддржан од Владата на Швајцарија.

Јоана Козма, директорка на ИФЕС за Северна Македонија одржа поздравен говор додека Мет Бејли, виш советник од ИФЕС, детално ги претстави перспективите на меѓународните стандарди и практики за гласање надвор од државата и вклучената технологија, истакнувајќи ја важноста за следење на моменталните трендови.

Настанот се заокружи со динамична дискусија на прашања и одговори, иницирајќи конструктивна дебата за иднината на гласањето надвор од границите.

Меѓународна презентација за стандардите за гласање надвор од државата

Галерија