Презентирани резултатите од мониторирањето на Општина Аеродром: Модернизирани училишта со пристапни лифтови

Иновативни иницијативи - мобилизатори на заедницата, Мобилизатори на заедницата, Настани

На 11 мај, 2023 година, здружението ЗЕОООП во просториите на ОУ Александар Македонски во Општина Аеродром, ги презентираше резултатите од мониторирањето на реализацијата на пред-изборното ветување на Градоначалникот на Општина Аеродром – “Модернизирани училишта со лифтови за пристап на лица со попреченост за секое училиште”

На настанот присутните директори на училиштата од општината, како и претставниците на стручните служби истакнаа дека треба проактивно да се пристапи кон инклузијата. Училиштата однапред да бидат подготвени да им ги пружат сите потребни услови за образование на децата со посебни потреби кои следат настава. Инсталирањето и употребата на лифтовите освен за деца со посебни потреби има и додадена вредност бидејки тие можат да послужат и во функција на наставниот кадар и родителите кои имаат потреба од користење на лифт.

Согласно податоците од мониторингот на изборното ветување општина Ареодром инвестира во изградба на вакви лифтови во училиштата. Пример за тоа е  ООУ „Лазо Ангеловски„ каде за инсталацијана на лифт општината има одвоено 4 милиони денари од буџетот, додека пак училиштето „Ѓоргија Пулевски„ има функционален лифт кој е изграден со донации и поддршка од родители и компании. Моментално општината има и подготвен проект за инсталирање на лифт и во училиштето „Александар Македонски„.

Настанот беше збогатен со уметнички ракотворби изработени од учениците со посебни потреби од ООУ „Александар Македонски„,  во рамки на  креативната работилница организирана во рамките на проектот.

Повеќе информации околу проектот на здружението ЗЕОООП и мониторингот на изборното ветување можат да се добијат на: https://electoralsupportprogramme.mk/monitoring-matrix-2022/

Галерија