Четврт вебинар со Академијата за јавни политики


Големина на фонт

Четвртиот и последниот вебинар на вториот Модул со Академијата за јавни политики се одржа на 17 јуни.

Освртот на претходниот вебинар сега е рутина за нас и се обидуваме да го примениме во секоја сесија, како што направивме и во оваа. Разговаравме за тоа како треба да се креира краток документ за политики во програмите на политичките партии пред да продолжиме на темата на овој вебинар:  “Лобирање за интегрирање на кратки документи за политики во партиски програми “.

Исто така разговаравме за тоа каде треба да се стават кратките документи за политики во програмите на политичките партии, како можат политичките подмладоци да бидат вклучени во овој процес и од која причина треба да ги создадеме овие документи.

Користејќи органограми, секој учесник се обидуваше да ја дефинира структурата на својата политичка партија и како тие органи функционираат.

На крајот од вeбинарот, се обидовме да направиме преглед на целиот модул и да го искажеме нашето искуство преку овој онлајн процес.

 

 

КОГА

од: 17-06-2020 18:00

до: 17-06-2020 20:00

КАДЕ

Галерија

Останати настани

Заштита на Демократијата и Изборниот Интегритет – Следење на Злоупотребата на Административни Ресурси, Политичкото Огласување и Кампањите од Трети Страни

Млади од политички партии

17-02-2026

Државна изборна комисија – Глобален ден на изборите

Млади од политички партии

05-02-2026

Поизборни согледувања: Обука и усовршување на изборната администрација

Млади од политички партии

10-12-2025