Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување на градоначалникот за изградба на водоснабдителен систем во населеното место Аџиевци. Станува збор за долгогодишен проблем со кој се соочуваат жителите на селото кои немаат вода за пиење и очекуваат со ова ветување да се реши проблемот со водоснабдување во селото. Ветувањето е дел од програмата на општината за 2022 и 2023 година но има поддршка и од централната власт која веќе има започнато со реализација на одредени активности за обезбедување на 400.000 евра кои се потребни за реализација на истото. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: теренски активности за информирање и активирање на локалното население, јавна дебата со презентација на резултати од истражување, дисеминација на промотивен и информативен материјал.