Мобилизатори на заедницата – Вебинари


Големина на фонт

Среќни сме да објавиме дека за време на двата претходни петоци имавме онлине вебинари со нашите мобилизатори на заедницата.

Во двата претходни вебинари Мобилизаторите на заедницата имаа краток преглед на резултатите од првиот модул и дискутираа за нивната домашна задача и планот и програмата за е-учење. Тие беа запознаени со платформата за е-учење – Мoodle и заедно со нивните тренери разговараа за подлабоките анализи за тоа како да пронајдат информации за фазата на набљудување, каде треба да ги бараат и какви алатки треба да користат за да дојдат до конкретен резултат.

Мобилизаторите на заедницата се сретнаа и со нивните ментори кои ќе им помогнат во овој процес на набљудување. Во наредните денови, МЗ заедно со нивните ментори ќе разработат план за мониторинг на една тема од овие 4 области: Економија и невработеност, Човекови права и ранливи групи, образование и здравство. Со овој план ќе ги следат активностите на техничката влада и мерките за COVID-19 во наредниот период.

И покрај тоа што ги преместивме активностите во онлине форма, нашите Мобилизатори на заедницата продолжуваат да работат со мотивација и позитивна енергија.

КОГА

од: 08-05-2020 17:00

до: 15-05-2020 19:00

КАДЕ

Галерија

Останати настани

Научени лекции од Локалните избори 2025

Мобилизатори на заедницата

19-05-2026

Модул 3 на Академијата за јавни политики – петта генерација: Демократско управување со животната средина и младинско лидерство

Мобилизатори на заедницата

15-05-2026

АНГАЖМАН НА ЗАЕДНИЦАТА, МОБИЛИЗАЦИЈА И КОМУНИКАЦИЈА НА НАОДИТЕ ОД МОНИТОРИНГОТ

Мобилизатори на заедницата

08-05-2026