Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборното ветување од 2021 година поврзано со „Подобрување на условите за живот на ромската заедница во Општина Кочани преку подобрено собирање на отпад и создавање на рекреативни зелени површини за млади и постари лица“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: истражување за мислењето на граѓаните; формирање на работна група од граѓани чија цел ќе биде следење на активностите на локалната самоуправа поврзани со изборното ветување; тристран договор (невладина организација, градоначалник и јавно претпријатие за комунална хигиена), вклучувајќи и акционен план за имплементација; герилски акции и прес-конференции.
Темата на локалниот мониторинг е одржувањето на јавната чистота во ромската заедница во општина Кочани.