Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборните ветувања поврзани со донесување на Општинска стратегија за соработка со ГО за 2022-2025 и обезбедување на буџет за нејзина реализација. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: јавна расправа со ГО за важноста на Стратегијата за соработка со ГО за 2022-2025; кампања и притисок врз локалната самоуправа за доделување на средства за проекти од јавен интерес; градење на капацитети за активни ГО во општина Делчево за следење на работењето на локалната самоуправа преку механизам/алатки за „слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Темата на локалниот мониторинг е подготовката и имплементацијата на стратегија за соработка на општината со НВО сектор.