Димитриевска: Секој проблем има решение – потребен е сериозен и организиран активизам и делување

Интервјуа

Даниела Димитриевска , директорка на Македонското женско лоби има организирано повеќе од 250 семинари за политичари и за останата публика на теми кои се однесуваат на правата на жените и градење на капацитети како на индивидуалци така и на преставници на институции. Автор е на повеќе од 30 прирачници. Таа е лобист за балансирано учество на обата пола во сите досегашни промени на Изборниот Законик, и за овие заслуги е наградена за лидерски достигнувања од амбасадата на Соединетите Амеркинаски држави. Таа е лобист и на други закони од сверата на здравството, економијата и социјалата за обезбедување на еднакви можности на жените и мажите во Р.С. Македонија. Таа е два мандата во интер ресорска  советодавна група за еднакви можности на жените и мажите.

Која е потребата за здружение македонско женско лоби?

Димитриевска: Македонско женско лоби е основано во 2000 година како потреба различни структури од опшеството како претставници на граѓански здруженија, политички партии, синдикати, медиуми да се соеднинат околу една цел и координирано да се активираат во решавање на одредено прашање, нудејќи повеќе алтернативи на делување. Истата  цел останува и денес. Секој процес на решавање на одредена проблематика треба да виден од различен аспект и од окото на сите сегменти кој го чинат решението за да се добие осмислен и функционален предлог за решавање. Секој-а од нашите членки има своја улога и свои капацитети и искуство што допринесуваат до систематски пристап во унапредување на одредени прашања на кои работиме и се залагаме за нивно праведно решавање.

Каква улога имате во општеството како женско лоби?

Димитриевска: Во општеството сме познати по тоа што соединуваме различни групи и идеологии, но и по тоа што ефикасно и ефективно лобираме за правични решенија било тоа да се преку официјалните документи или закони на национално, но и на локално ниво во општините обидувајќи да го отвориме процесот на граѓанско учество во креирање на локалните политики. Улогата на женското лоби пред се е да се најде најдобар и инклузивен начин при иницирање на решенија, амандмани, документи, политики и закони.

Што е она на што сте горди во македонското женско лоби?

Димитриевска: Горди сме на резултатите, а тоа се голем број на законски решенија кои имаат наши заложби, но и амандмани каде сме се врадиле со цел едно поправедно општество каде жените и мажите би имале еднакви стартни позиции, без разлика дали е тоа во Изборните закони, во економијата, социјала и сл.

Ние сме горди дека и во најтешките моменти на раздоеност каде поради одредени конфликти кои се однесувале на етничка или партиска припадност кога партиите не комуницирале меѓу себе сме биле мост каде се премостувале разликите и место каде жените се среќавале и говореле отворено и без задршки за своите позиции и гледишта без да се осудуваат едни со дуги иако во јавноста владеело мораториум на дијалог.

Горди сме и покрај тоа што сите припаѓаме на различни идеологии сепак наоѓаме пат да работиме на решенија на секојдневните проблемите кои жените ги имаат.

Зошто е важна подигнувањето на свеста за учеството на жените во граѓанските и политичките прашања во едно општество како нашето?

Димитриевска: Свеста да се учествова директно во процесите на градењето на политиките е инпертив на секој совесен граѓанин во сите демократии. Учеството на граѓаните започнува со изборот на своите преставници на одлучувачките тела, но не завршува тука.  Демократските општества имаат архитектура граѓаните да се вклучуваат во одлуките преку голем број на други инструменти, но најмногу преку директно креирањето на општинските политики. Жените имаат поинакви потреби од мажите во секојдневниот живот. Начинот на живеење и општествените норми носат сеуште предрасуди што припаѓа на жените, а што не припаѓа. За да се избегнат овие предрасуди, но и да се решат прашањата на жените некој треба да иницира активен дијалог како да се подобри состојбата. За сега тоа го прават граѓанските организации, политичките партии, но и група на посветени активисти.

Како да се иницира учество на жените во земјава?

Димитриевска: Доколку зборуваме за учество на жени во политиката, тогаш би требало да зборуваме за односот на политичките партии кон жените во сопствена партија. Тоа би значело дека партиите би требало да имаат учество на жени во сите органи на одлучување, би требало да ги кандидираат за сите функции рамномерно, а не да се обидат да ги заобиколуваат интерните партиски документи и  веќе постоечките квоти. Во исто време партиите би требало да имаат и форум каде би се развил дијалог каде сите би споделиле своите согледувања, а не би се одвивала дискусијата во тесен круг. Во исто време говорот на омраза низ социјалните медиуми кои како оган се шири кон жените во политиката со секаков тип на лична и семејна навреда, колеба голем број на жени да се впуштат во политичките води.

Додека пак кога зборуваме за граѓанските организации тогаш мислам дека тие се различни и секоја жена по свое убедување и начин на работа, но и прашање од интерес си бира во која организација ќе членува. Голем број на жени дејствуваат како индивидуални активисти и промотори за женски права, користејќи ги социјалните медиуми.  Ние секогаш сме жените да имаат избор, така и во тоа како и каде ќе учествуваат.

Кои теми се важни кај нас за жените на кои треба да се работи?

Димитриевска: Сите теми кои се однесуваат на живеењето се како машки, така и женски теми. Не постои тема која би можеле да кажеме дека е типочно женска или типично машка тема. Ние се залагаме за сите прашања да се слушне како одредено решение ќе влијае не само врз мажите туку и врз жените. Од образование, здравство, економија, одбрана, дипломатија и се што е битно за животот, битно е за обата пола.

Какви иницијативи се потребни на жените за да направат промени, што е тоа што вие го правите по однос на ова прашање?

Димитриевска: Најбитните промени почнуваат секогаш длабоко во нас, кога некое прашање не мачи и сакаме да најдеме решение. За да направиме промени потребно е да се здружиме и да ги искористиме капацитететите на останатите. Многу е битно жените да знаат дека за секој проблем има решение, но потребен е активизам и организирано дејствување, посебно збогатено со искуство како се решаваат прашањата во институциите и донесувачите на одлуките. Ние од досегашната работа имаме искуство да ги поставиме прашањата на политичката агенда и жените знаат дека доколку решение за некое горливо прашање изискува законска промена знаат дека во нас ќе најдат релевантни, искусни, добронамерни сојузници.Даниела Димитриевска , директорка на Македонското женско лоби има организирано повеќе од 250 семинари за политичари и за останата публика на теми кои се однесуваат на правата на жените и градење на капацитети како на индивидуалци така и на преставници на институции. Автор е на повеќе од 30 прирачници. Таа е лобист за балансирано учество на обата пола во сите досегашни промени на Изборниот Законик, и за овие заслуги е наградена за лидерски достигнувања од амбасадата на Соединетите Амеркинаски држави. Таа е лобист и на други закони од сверата на здравството, економијата и социјалата за обезбедување на еднакви можности на жените и мажите во Р.С. Македонија. Таа е два мандата во интер ресорска  советодавна група за еднакви можности на жените и мажите.

Галерија