Зборникот на документи за јавни политики е ориентиран кон потребите на граѓаните

Млади од политички партии, Политички Партии

Публикацијата „Зборник на документи за јавни политики“, поддржана од проектот „Поддршка на изборни реформи“, содржи 22 иновативни иницијативи и беше реализирана од претставници на политичките подмладоци, учесници на втората Академија за јавни политики. (https://electoralsupportprogramme.mk/en-public-policy-academy/).
Академијата за јавни политики имаше за цел да ги мобилизира подмладоците на политичките партии преку долгорочен процес на учење. Учесниците научија да креираат јавни политики и успеаја да влијаат врз нив, научија да истражуваат одредени проблеми засновани на докази, при тоа, во нивниот систем на работа беа обучени да ги вградат темелните вредности на демократските општества, како што се учество, активно граѓанство и вклученост. Во Академијата се комбинираa теоретки сесии за креирање политики со практични искуства во осмислување и спроведување на политички одговори.

Проектот ги поддржува политичките партии во развојот на ресурси и капацитети за усвојување програми засновани на докази и за поголема вклученост на локалните заедници, вклучувајќи жени, млади и други ранливи групи.

Резултатот е повеќе од инспиративен: од вкупно 22 предлог политики на младите лидери, кои доаѓаат од 6 различни политички партии, речиси сите беа инкорпорирани во изборните програми на партиите на последните локални избори.
Академијата е замислена како можност за „учење преку работа“ и има за цел да ја зајакне компетицијата на младите лидери во креирањето и влијанието врз јавните политики. Документите, кои се дел од оваа публикација се резултат на напорите на претставниците на политичките подмладоци да креираат политики засновани на докази и вредности. Нивна цел е изнаоѓање на релевантни решенија, ориентирани кон потребите на граѓаните.

Помеѓу збирот политики ориентирани кон граѓаните, политичките подмладоци креираа иновативни иницијативи за зголемување на економската независност на жените во руралните средини на општина Кочани, згрижување и нега на кучињата скитници во општина Тетово, и општина Струга изготви иницијатива за грижа на кучињата скитници, од површни од одржливи решенија за кучињата скитници беа понудени и за општина Прилеп, општина Охрид ја потенцира потребата за основање на Центар за млади, во областа за подобрување на животната средина – Кичево зелен град, иницијатива за конзервација, санација и афирмација на Тетовското кале, скејт парк како решение за недоволно развиена супкултура за млади во општина Чаир, Кариерен центар за млади во Делчево, политика и активности за посоодветна грижа на лицата со специфични потреби – инклузивен Аеродром за сите, функционален локален младински совет во општина Гостивар и други.

Во почетната фаза на подготовки, политичките подмладоци организираа широки консултации со локалните заедници и ранливите групи, коишто им помогнаа да ги идентификуваат нивните приоритетни потреби. Сознанијата до кои дојдоа преку интеракција со граѓаните им послужија како основа за изготвување документи за јавни политики, кои понатаму беа споделени со партиските раководства и најголем дел од нив инкорпорирани во политичките платформи на Локалните избори 2021 година.

Креирањето политики засновани на докази е релевантен модел за подобрување на квалитетот и ефикаснота на предложените политики и програма. Од една страна се зајакнува политичката одговорност на партиите, а едновремено им помага да станат поориентирани кон граѓаните. Преку принципот на длабински анализи и фактички состојби може да се подобри неусогласеноста помеѓу перцепциите на креаторите на политики за потребите на граѓаните и нивните реални потреби.

Активното учество на младите луѓе во политичкиот и јавен живот е од клучно значење за демократскиот развој на една земја и ваквите резултати влеваат оптимизам дека политичките партии ги препознаваат придобивките од приоретизирање на потребите на граѓаните.
Подготвеноста политичките опции да применат програмски пристап, кој е ориентиран кон нужните потреби на граѓаните и особено на ранливите групи од локалните заедници, допринесува изборните процеси да бидат поинклузивни и порепрезентативни. Основната цел на проектот е промоција на демократски и кредибилни изборни процеси, кои го олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција, овозможувајќи им на гласачите да ги изберат своите претставници и да ги повикаат истите на одговорност.
Зборникот можете да го преземете онлајн на следниов линк:
https://electoralsupportprogramme.mk/wp-content/uploads/2021/12/Zbornik-na-Dokumenti-za-javni-politiki.pdf?fbclid=IwAR2DN7me3T03lXeYKrF38UihkRnwbWYXrheHPIbTspqv6XVcvZ_CLiXKHmc

Галерија