Дводневна работилница за унапредување и зајакнување на капацитетите на регионалните канцеларии на ДИК

Зајакнати институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси, Работилници и обуки

На 24 и 25 јануари ќе биде организирана дводневна работилница на тема „Управување со Избирачкиот список, надлежности, предизвици, решенија, нови технологии“ на која учество ќе земат претставници од регионалните канцеларии.

Фокусот на оваа работилница е на подобрување и зајакнување на капацитетите на изборната администрација. Конкретно ќе биде фокусирана на правото на избирачите, содржината на избирачкиот список и надлежните институции, процедурите за ажурирање на Избирачкиот список, вклучувајќи нераспределени гласачи, јавен увид и слично. На оваа работилница ќе се дискутира и за ажурирање на новите технологии, кои се користат во гласањето и изборниот процес.

Ова е прва од серијата работилници за изборна администрација, посветени на управувањето со Избирачкиот список, глобалните, европските и националните искуства, трендовите и промените, меѓусебна поддршката, доверливоста на податоците, сајбер хигиената, безбедноста на изборите и управувањето со човечки ресурси.

Овие работилници во голема мера ќе придонесат за унапредување на ефективноста и ефикасноста на изборната администрација, како би можеле да обезбедат подобри услуги за гласачите.

Минатата година беше обезбедена техничка поддршка за 34те регионални канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК). По детални анализи и истражувања, беше констатирано дека подрачните канцеларии имаат потреба од посовремена канцелариска инфраструктура и компјутерска технологија, опрема, која недостасуваше за да се подобри целокупното работење и функционирање на ДИК во спроведување на ефективни и транспарентни изборни процеси.

Галерија