На 14 јули 2021 година се собравме да разговараме со младите за младински прашања.
Младински претставници од различни институционални нивоа ги искажуваа своите размислувања и нивниот напор за вклучување на младите во телата за донесување одлуки и борбата за правата на младите.
Покрај нив присутни на оваа тркалезна маса беа и млади лица кои го презентираа своето гледиште на темата и им поставуваа прашања на панелистите.
Панелисти за оваа дискусија беа:
- Артина Ќазими – најмладата пратеничка и член на Клубот за младински прашања и политики во Собранието на Северна Македонија
- Gjорѓи Тасев – Советник за млади и младинска политика на премиерот на Северна Македонија
- Филип Ивановски – службеник за млади во Министерството за Култура
- Филип Темелковски – градоначалник на општина Кисела Вода
Ние како проект ќе продолжиме да иницираме и организираме што е можно повеќе вакви настани, каде што младите ќе можат да ги споделуваат своите мисли и проблеми од секојдневниот живот.
Заедно за подобра иднина!