Церемонија на дипломирање - Прва генерација на мобилизатори во заедницата

Јавни настани, Мобилизатори на заедницата

На 5 јули 2021 година официјално дипломираше првата генерација на мобилизатори во заедницата.

16 млади лица во последните 9 месеци ги следеа ветувањата на Владата дадени во Работниот план на 2021-2024 година.

Нивната должност не беше само да следат колку е транспарентна владата, туку и преку различни активности и канали да ја информираат и мобилизираат локалната заедница за активно следење на работата на владата.

За оваа пригода во овој настан присуствуваше и амбасадорката на Швајцарија – Сибил Сутер Тејада. Таа лично им честиташе на учесниците и ги охрабри да продолжат да го прават она што го научија и спроведоа досега, затоа што граѓаните се должни да ги следат и да бараат отчет од нивните претставници.

Нашата мисија е да ги оспособиме граѓаните да барат одговарност од политичките партии и избраните функционери.

Галерија