Целта на оваа иновативна иницијатива е да ја информира и мобилизира заедницата во врска со прашањето на меѓуетничката интеграција во училишниот систем. Иницијативата се состои од 4 главни активности:
1. Анкета на засегнатите членови на заедницата со цел да се види дали тие се запознаени со мерката во владината програма за спроведување на Стратегијата за меѓуетничка интеграција и граѓанска инклузија.
2. Тркалезни маси со наставници, родители и ученици (од различни етнички групи).
3. Едукативна работилница со наставници, родители и ученици (од различни етнички групи) со експерт за меѓуетничка интеграција.
4. Подготовка на видео материјали со препораки од наставници, родители, ученици и претставници од џамијата и црквата.