Во рамките на Швајцарската програма за поддршка на изборите, одржавме тркалезна маса посветена на улогата и развојот на истражувачко-аналитичките центри во политичките партии. Беа презентирани наодите од длабинската студија за истражувачко-аналитичките центри во Северна Македонија, а споделивме и искуства од Финска за тоа како ваквите единици можат да придонесат кон поефикасно истражување, развивање политики и носење одлуки засновани на докази и релевантни информации. Посебно важен дел од дискусијата беше разговорот со претставници на политичките партии, институциите, експерти и други релевантни чинители за можностите и предизвиците за понатамошно зајакнување на овие капацитети. Благодарност до сите учесници за отворената и конструктивна дискусија.
Тркалезна маса: Унапредување на истражувачко-аналитичката функција во политичките партии – правни и компаративни искуства
Анализи/Публикации/Производи, Зајакнати институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси, Истражувачки и аналитички центри, Настани, Настани, Политички Партии
