Јавна тркалезна маса во Битола за спроведувањето на клучните еколошки мерки

Иновативни иницијативи - мобилизатори на заедницата, Мобилизатори на заедницата

Во Битола, партнерската граѓанска организација Интерактив организираше јавна тркалезна маса посветена на спроведувањето на клучните еколошки мерки што се предмет на мониторинг, во рамки на активностите поддржани од Изборната програма за поддршка.

На тркалезната маса учествуваа граѓани, градоначалникот на Општина Битола и претставници на локалните институции. На учесниците им беа презентирани резултатите од мониторингот, по што следеше дискусија за напредокот во реализацијата на следените мерки и прашањата од интерес за локалната заедница.

Активноста овозможи директен и конструктивен дијалог меѓу граѓаните и локалните институции и придонесе кон поголема транспарентност и отчетност во спроведувањето на локалните политики.

Преку поддршката на ваквите активности, Изборната програма за поддршка придонесува кон зајакнување на улогата на граѓанските организации и граѓаните во следењето на изборните ветувања и локалното управување.

Галерија