Едукативна работилница за средношколци по повод Глобалниот ден на изборите

Зајакнати институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси, Настани

По повод Глобалниот ден на изборите, Државната изборна комисија организираше едукативна работилница со ученици од средните училишта на Град Скопје, со поддршка од Изборната програма за поддршка.

Работилницата имаше за цел да ги унапреди знаењата на младите за изборниот процес, избирачкото право и демократските вредности, како и да придонесе кон подобро разбирање на значењето на изборите и демократското учество.

Преку оваа активност, учениците имаа можност да се запознаат со клучните аспекти на изборниот процес и улогата на изборните институции во обезбедувањето демократски и инклузивни избори.

Галерија