Тркалезна маса: Зајакнување на новинарскиот интегритет и отчетност: постизборнo медиумскo дејствување и важноста на академиите за обука на медиумски работници

Јавни настани, Мобилизатори на заедницата

Медиумските дејствија во постизборниот период, новинарскиот интегритет, објективното известување и следење на процесот за време на избори, потребата за градење на капацитети во новинарството за унапредување на професијата, беа дел од темите за кои се дискутираше на денешниот настан во рамките на Неделата на медиумска писменост, кој го реализираше Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Меѓународната фондација за изборен систем (ИФЕС).

Настанот беше поделен во две сесии. Темата на првата сесија беше – Почитување на интегритетот во новинарството: обезбедување отчетност во следењето на успешноста на владините политики на која дискутираа Сашка Цветковска од ИРЛ, Васко Попетревски од 360 степени, Ана Петрушева од БИРН и Миомир Серафиновиќ од ТВ Телма. Втората сесија беше на тема – Академијата за обука на Здружението на новинарите на Македонија како движечка сила во надградбата на капацитетите на медиумските работници, обезбедување интегритет и отчетност , каде што своите искуства и ставови ги пренесоа Лазар Сандев кој зборуваше за правните аспекти на обучувањето на новинари и медиумски работници,  Марина Тунева се задржа на етичката димензија на обучувањето и Бесим Небиу кој зборуваше како да се зајакне професионализмот благодарение на обуките наменети за новинарите.

Галерија