Работилници за Кодекс на однесување за борба против насилството врз жените во политиката и изборниот процес: развивање на препораки засновани на дејствување

Истражувачки и аналитички центри, Настани, Политички Партии, Работилници и обуки

Во текот на изминатата недела, во соработка со истражувачко-аналитичките центри на политичките партии, ИФЕС организираше низа на работилници за „Кодекс на однесување за борба против насилството врз жените во политиката и изборниот процес: развивање на препораки засновани на дејствување“. Од работилниците произлегоа конкретни активности и мерки кои ќе се спроведат на терен до ноември 2024.
Заеднички продолжуваме со заложбите против насилсвто врз жените во политика и во изборните процеси!
Одржувањето на работилниците беше во насока на идентификување на потенцијални препораки засновани на дејствување, со цел дефинирање на неколку клучни активности поврзани со спроведувањето на мерките од Кодексот, како основа за акција во пресрет на претстојните локални избори кои треба да се одржат во 2025 година.
Активноста беше реализирана во рамките на Програмата за поддршка на изборите, финансирана од Владата на Швајцарија, а спроведена од страна на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

Галерија