Работилница: Преземање акција: Јакнење на политичките партии во насока на справување со насилството врз жените во политиката

Настани, Политички Партии

Политичките партии имаат клучна улога во создавање политичка култура без насилство врз жените. Овој викенд во Охрид, претставници од 13 политички партии работеа на унапредување на своите политики и практики за спречување и санкционирање на насилството врз жените во политиката.

Преку заедничка работа и отворен дијалог, ги разгледуваа начините како партиите можат системски да делуваат,  од усвојување на Кодексот на однесување до конкретни мерки за поддршка на жените вклучени во изборниот процес. Ова е важен чекор кон создавање побезбедна и подемократска политичка средина, особено во пресрет на локалните избори

Галерија