Работилница: Мобилизирање на потенцијалот на младите партиски членови за претстојните парламентарни избори: комуницирање на јавните политики – аргументи и презентација

Истражувачки и аналитички центри, Млади од политички партии, Настани, Политички Партии

Изминатиот викенд, во рамките на Програмата за поддршка на изборите во Северна Македонија, финансирана од Владата на Швајцарија и спроведувана од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), во соработка со истражувачко-аналитичкиот центар на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во Штип организиравме тридневна работилница за членовите на подмладокот на партијата на тема: Мобилизирање на потенцијалот на младите партиски членови за претстојните парламентарни избори: комуницирање на јавните политики – аргументи и презентација.

Повеќе од 30 партиски членови од Унијата на млади сили земаа активно учество на обуката, на која беа опфатени теми од областа на медиумите, комуникацијата и младинските политики. Дискутиравме за важноста на односите со јавноста и комуникацијата во политиката. Ги подготвувавме учесниците за јавно говорење, учество на прес-конференции и ТВ интервјуа. Ги претставивме начините за вклучување на младите во јавните политики и политиката. Разговаравме за дигиталните медиуми, за различните канали, пристапот и успешните стратегии за ефективно користење на социјалните мрежи.

https://electoralreforms.mk/galery/%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bc%d0%be%d0%b1%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d0%b7%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d1%82%d0%b5%d0%bd/

Галерија