Презентации на Извештајот за влијанието на демографските фактори врз учеството на граѓаните во јавниот живот и едукацијата на гласачите во Струга, Свети Николе и Куманово

Зајакнати институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси, Настани

Во текот на следната недела во Струга, Свети Николе и Куманово ќе бидат организирани презентации на Извештајот за влијанието на демографските фактори врз учеството на граѓаните во јавниот живот и едукацијата на гласачите, наменети за невладини организации за жени, локални советници и за луѓе со попреченост.

Извештајот е дел од проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“.

Овој Извештај е резултат на ригорозни истражувања засновани на докази кои обезбедуваат единствени податоци за испитаниците и увид во приоритетите, ограничувањата и одговорот на мотивационите стимулации на 13 демографски профили на гласачи. Извештајот содржи опсежни препораки за секој анализиран профил што се однесуваат на модалитетите на граѓанска едукација, подигнување на свеста за важноста на изборниот процес, изборот на медиуми, алатки и канали за комуникација и видот на пораките. Засегнатите страни кои се занимаваат со граѓанска едукација и едукација на гласачите можат да ги користат наодите и препораките од Извештајот, чија цел е да помогнат во зајакнувањето на ефективноста и ефикасноста на кампањите за едукација на гласачите и граѓаните, како и да обезбедат алтернативни модалитети за зголемен ангажман на гласачите.

Главна цел на проектот е да ги поддржи демократските изборни процеси што го олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција, овозможувајќи им на гласачите слободно да ги избираат своите претставници и да ги повикуваат на одговорност.

Настаните ќе бидат организирани според актуелните владините пропишани протоколи за заштита од Ковид-19.

Галерија