Повик за апликации: Академија за јавни политики – петта генерација

Иновативни иницијативи - политички партии, Млади од политички партии, Политички Партии

За Академијата за јавни политики

Академијата за јавни политики (АЈП) е програма за градење капацитети наменета за членови на подмладоците на политичките партии во Северна Македонија, со цел зајакнување на нивното значајно учество во изборните и политичките процеси. Академијата има за цел да ја унапреди способноста на младите политичари да промовираат политичка отчетност и да придонесат кон политичка култура заснована на демократско управување.

Препознавајќи го значајното изборно и политичко влијание на младите во демократиите во развој, Швајцарската „Програма за поддршка на изборите“ има за цел да ги зајакне младите за конструктивно да се вклучат во соработката со политичките партии и креаторите на јавни политики и да придонесат кон обликување на јавните политики на значаен и влијателен начин. Во периодот од 2019 до 2025 година, четири генерации на партиски подмладоци учествуваа во Академијата, обединувајќи разновидна група од 90 млади политичари од целиот политички спектар. Надоврзувајќи се на ова искуство, петтата генерација на АЈП ќе стави посебен акцент на зајакнување на застапеноста на младите во рамките на политичките партии, унапредување на иновативни и ефективни изборни пристапи, како и поддршка на предизборниот и постизборниот ангажман на учесниците во рамките на нивните партии.

Специфични цели

Специфичните цели на петтата генерација на Академијата се:

  • Зајакнување на капацитетите на претставниците на подмладоците на политичките партии за конструктивно ангажирање во согласност со етичките и демократските стандарди, преку дијалог, инклузија и мирно политичко учество;
  • Опремување на учесниците со практични знаења и вештини за развој и застапување на одговорни еколошки политики, како заеднички јавни добра;
  • Поттикнување на меѓупартиска соработка, демократска политичка култура и неполаризирачка комуникација меѓу младите политички актери.

Академијата ќе се реализира во текот на една година и ќе се состои од следните компоненти:

Фаза I: Учење и градење капацитети (прва половина на 2026 година)

  • Три интензивни тридневни едукативни работилници (петок – недела)

На Академијата ќе бидат ангажирани предавачи од различни страни на општествениот спектар, вклучувајќи академици, високи државни службеници, сегашни и поранешни министри, пратеници, млади политички лидери кои извршуваат јавни функции, извршни директори, итн. Програмата ќе биде збогатена и со вклучување на предавачи од граѓанскиот сектор, предавачи oд областа на животната средина, културата и/или други области, како и етаблирани обучувачи од странство.

Фаза II: Практична примена на знаењата (втора половина на 2026 година)

  • Една интерактивна обука за управување со проектен циклус и развој на јавни политики;
  • Изработка на документ за јавни политики, надополнет со активности во рамки на имплементацијата на иновативните иницијативи;
  • Презентација на документот за јавни политики.

Развојот на документот за јавни политики и спроведувањето на активностите ќе бидат поддржани во текот на целиот процес преку структуирано, чекор-по-чекор водство и менторство од страна на IFES. Со цел да се поддржи ангажманот во локалните заедници, секој учесник ќе добие поддршка за реализација на идентификуваните и договорени активности.

Дополнителни активности по завршување на Академијата за јавни политики

  • Студиска посета во земја од регионот или земја-членка на ЕУ ќе биде организирана како дел од програмата. Учеството во студиската посета ќе биде условено од успешно завршување на активностите на Академијата, вклучително и учество на работилниците и изработка на документот за јавни политики, проследен со имплементација на иновативна иницијатива. Студиската посета ќе се реализира по завршување на програмата, во првата половина на 2027 година, и ќе вклучи избрана група учесници од четвртата и петтата генерација на Академијата;
  • Алумни настани кои ќе ги обединат учесниците од сите пет генерации на Академијата за јавни политики.

За да добијат сертификат и можност за учество во студиска посета во странство, избраните кандидати мора целосно да се посветат на сите компоненти на програмата:

  • Активно учество во сите активности на Академијата, вклучително три едукативни работилници (февруари – јуни 2026) и интерактивната обука за управување со проектен циклус и развој на јавни политики (август/септември 2026);
  • Изработка и презентација на документ за јавни политики, надополнет со дизајн и имплементација на активности во рамки на иновативната иницијатива.

Временска рамка

Реализацијата на активностите за петтата генерација на Академијата ќе се одвива во периодот од февруари до декември 2026 година.

Што ќе добијат учесниците на Академијата за јавни политики?

  • Темелни и структуирани знаења за политичките процеси во земјата, улогата на политичките партии во плуралистички контекст, значењето на изборите и изборниот процес, креирањето јавни политики и начини на нивна имплементација, комуникациски техники и вештини, јавно говорење и дебатирање;
  • Материјали за обука, разни анализи и документи за јавни политики како поддршка на стекнатото знаење и искуството споделено од страна на домашни и меѓународни експерти и обучувачи;
  • Менторство, меѓусебна поддршка и индивидуална поддршка во подготовката на документите за јавни политики фокусирани на решавање на потребите на граѓаните;
  • Поддршка за спроведување на активности во рамките на иновативните иницијативи, кои опфаќаат истражување на развиената политика и/или предложените решенија, како и тестирање и промоција на политиката во рамките на засегнатите заедници и политичката партија;
  • Можност за унапредување на знаењата и индивидуален кариерен развој како политичар/ка или иден/а лидер/ка, но и за вмрежување, дискутирање и споделување на идеи со колегите политичари од политичките партии во земјата;
  • Признание од Швајцарската амбасада преку доделување на сертификат за учество;
  • Можност да се биде дел од регионални настани или размена и поддршка со други млади лидери, но и да се учествува во меѓународна размена и студиска посета на земји кои спроведуваат слични политики и активности во заедницата;
  • Континуирани активности во рамки на широката алумни заедница.

Критериуми за учество:

  • да биде претставник/чка на подмладок на политичка партија (18-29 години);
  • да има искуство во областа на општествените науки и дисциплини (политички науки, економија, социологија, животна средина, меѓународни односи, култура, филозофија, итн.);
  • да поседува силни аналитички вештини и способност за тимска работа;
  • да не учествувал/а на иста или слична Академија;
  • познавањето на англиски јазик ќе се смета за предност;
  • работно искуство ќе се смета за предност.

Бидејќи Академијата е наменета за членови на политички партии, се очекува учесниците да имаат поддршка од нивната политичка партија, особено на локално ниво, како и редовна комуникација со релевантните партиски структури во текот на програмата.

Сите заинтересирани кандидати треба да ја пополнат апликацијата на следниот линк најдоцна до 7 февруари 2026.
Задолжително е во формуларот да се прикачи кратка биографија (CV) и мотивациско писмо.

Задолжително е во мотивациското писмо да се вклучат неколку реченици за локален проблем или предизвик во заедницата, кој може да послужи како основа за развој на документот за јавни политики (објаснет погоре).

Ве молиме имајте предвид дека ќе бидат разгледувани само комплетни апликации. Апликациите кои не ги исполнуваат сите услови ќе се сметаат за неважечки. 

Пресeлектираните кандидати ќе бидат поканети на кратко интервју преку Zoom.
Избраните кандидати ќе бидат известени најдоцна до 18 февруари 2026 година.

При изборот на најдобрите кандидати ќе се земат предвид политичката, етничката, родовата, географската и социјалната застапеност.

Сите трошоци за програмата (вклучително патување, сместување и исхрана) ќе бидат покриени од организаторот.

Прашања?

Доколку имате прашања во врска со Академијата и/или процесот на аплицирање, ве молиме контактирајте ја Цветанка Михајловска на: cvetanka@frp.mk

Галерија