Панел дискусија: „Кодекс на однесување – Борба против насилството врз жените во политиката и во изборните процеси”

Анализи/Публикации/Производи, Настани

13 политички партии го потпишаа Кодексот за однесување за борба против насилството врз жените во политиката и во изборните процеси, презентиран на панел дискусијата организирана во соработка со Македонското женско лоби.

Учесниците на панел дискусијата се осврнаа на загриженостите поврзани со насилството врз жените во политиката и изборните процеси, истовремено разгледувајќи ги најдобрите пристапи за имплементација на Кодексот во насока на давање придонес за безбедно и правично политичко опкружување, што претставува начин да се гарантира простор за политичко учество на жените во политиката без никаква форма на насилство, како основа за инклузивно креирање политики.

Настанот беше реализиран во рамките на Програмата за поддршка на изборите, финансирана од Владата на Швајцарија, а спроведена од страна на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

Галерија