На 22 ноември 2023 година, во општина Велес се разви енергичен и конструктивен дијалог, каде што релевантни чинители се собраа за да го истражуваат доменот на мониторинг на изборните ветувања. Настанот, насловен ,,Унапредување на концептот на мониторирање изборни ветувања – согледувања и поуки од општините и граѓанските организации’’, имаше за цел да ја подигне свеста за Мониторинг матрицата и нејзината употреба, но исто така и споделување знаења и искуства од претставниците на општините и граѓанските организации, со цел да се изгради стратегија за идните насоки.
Како што нагласи модераторот на настанот, целта на Матрицата за мониторинг е да се стреми кон систематско следење на ветувањата, со објективност и строгост заснована на докази, со што се дава повратна информација не само за степенот на исполнување, туку и за отчетност и транспарентност на општините во процесот. Слични мислења за нивните соодветни општини беа изнесени и од страна на претставниците на општините Бутел и Аеродром коишто ги истакнаа промените во опкружувањето и напредокот на новата генерација на избрани функционери коишто им придаваат голема вредност на политиките насочени кон граѓаните.
Во завршниот дел од панел дискусијата, учесниците се осврнаа кон корисноста од мониторингот, научените лекции од претходните напори и идните потреби на општините и граѓанските организации. Претставниците на граѓанските организации, активни во различни општествени сфери, како што се „Мајка“, „ЕСИ Нелис“ и ЗЕОООП, го споделија она што тие го сметале за најопиплива придобивка од овој дизајн на иновативни иницијативи, при што паралелниот тек на активности за мобилизација и мониторинг се сметаат за главни засилувачи на вклучување на граѓаните и дисеминацијата на јавните информации. Други претставници на ГО се задолжија за континуитет на ваквите иницијативи, особено во руралните подрачја, за да се олесни нивното вклучување во процесот на донесување одлуки.
Синтезите на заклучоците и препораките, извлечени од богатите дијалози и согледувања на денот, го доведоа настанот кон својот крај. Последниот видео – сегмент обезбеди рефлективен поглед на имплементираните стратегии за мобилизација на заедницата и резултатот од нивното влијание.
Како што се отвораа можностите за вмрежување, учесниците заеднички градеа врски и соработки, одржувајќи го дијалогот и сите насочени кон зајакнување и унапредување на заедничката визија за претворање на изборните ветувања од обични зборови до влијателни, конкретни акции.