Размислувања и можни решенија
Како дел од анализата за процена на потребите, со која се испитаа и можностите за воведување на нови технологии на изборите, Мајкл Јард, консултантот на ИФЕС и виш меѓународен изборен експерт, изготви патоказ. Овој патоказ имаше за цел да се процени можноста за воведување и примена на биометриката за упис/проверка на гласачите.
Веродостоен избирачки список и/или проверка на гласачите има за цел да се спречат евентуалните избори измами и да се овозможи секој квалификуван гласач да може да гласа на изборите, и тоа само еднаш. Реформирањето на системите за упис на гласачите по пат на воведување на биометриските технологии има за цел да се зголеми довербата во изборниот процес, како и да се намалат различните облици на изборна измама, како што е лажно претставување и повеќекратно гласање.
Патоказот за можното воведување на биометриката во Северна Македонија им беше претставен на членовите на Државната изборна комисија. Преку дискусијата се дадоа повеќе аргументи за и против воведувањето на оваа технологија, како и за предизвиците и можните решенија.
Јасно е и општо прифатено дека осмислувањето и спроведувањето на една таква алатка ќе наложи блиска соработка, размена на податоците и усогласување меѓу поголем број на изборни засегнати страни, како што се државните институции, политичките партии, граѓанското општество, и гласачите општо.
Со анализата јасно се става акцент врз важноста да се обезбеди доволно време, темелна подготовка, планирање, доделување на достаточни ресурси и задолженија, и на време да се изврши пилотирање/тестирање.
Врз основа на препораките на ИФЕС и конечната анализа, ДИК го потврди својот интерес за воведување на биометриката и предложи да се воведат нови одредби во Изборниот законик, што и се воведе со амандманите во февруари 2020 година.
Амандманите се однесуваат на новите законски одредби за гласање со помош на опрема за идентификација на гласачите со нивен отпечаток од прстите. Првичната цел на патоказот беше да ѝ се помогне на ДИК да го задоволи законското барање за обезбедување информации и мислење за можноста од воведување на отпечатоци од прстите за идентификација на гласачите. Сепак, ефектот беше многу поголем, бидејќи доведе до воведување на законска одредба во Изборниот законик. Па така, новите мерки за идентификација на гласачите се планира да се спроведат при наредните избори што ќе следат по парламентарните изборите, а ќе придонесат за унапредување на изборните реформи во земјата.
Но, внимателно ќе треба да се разгледаат сите практични аспекти за да се овозможи тестирање на новата технологија пред да се спроведе на сите гласачки места и за време на националните избори.
Со воведувањето на новите одредби во изборниот законик, проектот значително придонесе за унапредување на реформите во изборниот процес, па така и оствари додадена вредност за севкупните заложби и цели.
Се очекува воведувањето на новите технологии на изборите не само да ја подобри ефективноста во организирањето на изборите туку и, што е поважно, да ја зголеми довербата на јавноста во изборниот процес, како и самата транспарентност и веродостојност на изборите.