Академија за јавни политики, четврта генерација: Модул III – Медиуми и комуникации за време на локални избори

Иновативни иницијативи - политички партии, Млади од политички партии, Настани, Политички Партии

Повторно бевме со Академијата за јавни политики! Го завршивме третиот модул насловен „Медиуми и комуникации за време на локални избори“. Во текот на викендот, нашите учеснички и учесници:
– учеа како да ги совладаат медиумите и комуникацијата за време на избори;
 – вежбаа настап на камера и користење на социјалните мрежи;
 – дебатираа со искусни новинари;
– ги обликуваа своите документи за јавни политики преку ангажман во локалните заедници.

Галерија