Академија за јавни политики, четврта генерација: Модул II – Меѓусебна поврзаност: Политичките партии во заедницата

Иновативни иницијативи - политички партии, Млади од политички партии, Настани, Политички Партии

Изминатиот викенд во Штип продолжи со работа четвртата генерација на Академијата за јавни политики, со успешно завршениот втор модул насловен „Меѓусебна поврзаност: Политичките партии во заедницата“. Учесниците дискутираа на значајни теми како што се улогата на политичките идеологии, поттикнувањето внатрепартиска демократија и ангажирањето во локалните заедници преку застапување и граѓански иницијативи. Преку разговор со алумнисти од претходните генерации, учесниците се запознаа со инспиративни примери за успешно ангажирање и поттикнување промени во заедницата. Младите лидери работеа и на идентификување на проблеми во своите оптштини, во областите на младинското вклучување, животната средина, инфрструктура и ранливите групи, на кои ќе се темелат нивните иновативни иницијативи и ќе предложат решение(ја) преку јавни политики.

Галерија