Академија за јавни политики, четврта генерација: Модул I – Основите

Млади од политички партии, Настани, Политички Партии

Успешно ја отворивме четвртата по ред Академија за јавни политики! 30 учесници од 14 политички партии започнаа со првиот модул насловен  „Основите“ кој ги воведува учесниците во темите што ќе се обработуваат низ Академијата.

Преку Академијата, ќе ги едуцираме и практично подготвуваме младите политичари за предизвиците на современата политика. Учесниците имаат можност да се запознаат меѓусебно, да разменат идеи и да постават основа за идни соработки.

Академијата опфаќа четири целини вткаени со практична примена на стекнатите знаења (иновативни иницијативи) во локалните заедници, како и подготовка на документи за јавни политики. Ваквиот пристап на предлог решениjа на локалните проблеми базирани на податоци и факти се надеваме дека ќе биде вклучен во изборните програми во 2025.

Галерија